Собранието ги изгласа уставните измени

Собранието на Република Македонија со 81 глас попладневно донесе одлука за прогласување на амандамните 33, 34, 35, и 36 на Уставот на Република Македонија.

Со амандманот 33, зборовите „Република Македонија се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во член 36. Амандманот 34 се однесува на промените во Преамбулата, амандманот 35 е за гарантирање на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави и амандманот 36 се однесува на грижата за дијаспората.

По прогласувањето на уставните амандмани, со 81 глас „за“ беше усвоен и Уставниот закон со кој се регулира и државјанството како „македонско / граѓанин на Република Северна Македонија“

 

 

Коментари

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password