Ќе има ли максимална казна од 70.000 евра за Македонија Лек

Максимална казна од 70 илјади евра посакува министерот Венко Филипче за веледрогеријата Македонија-Лек поради згрешените декларации за рокот на МПР вакцините. Санкции се најавени и за здравствените работници кои пред два месеци ги примиле вакцините, а не приметиле дека има погрешни декларации. Иако најавуваше и построги санкции како одземање на лиценца и негативна референца за Македонија лек, Филипче денеска вели дека тоа може да влијае врз набавката на вакцини.

Според Филипче најдени се околу 650 кутии со погрешна декларација. Викендот биле и претстaвници на производителот, белгиски Глаксоклајнсмит кои утврдиле дека сите вакцини се со важечки рок иако имале погрешни декларации. Тие и понатаму ќе го следат случајот. Досега во оваа година имало реакции кај две деца кои примиле МПР, но според Филипче реакцијата биле незначителни- црвенило и чешање на местата каде се примени вакцините. Вакцинацијата продолжува, а се уште се појавуваат и нови случаи на морбили, синоќа имало заболено дете од Карпош, а денеска уште 5 лица се пријавиле со сипмтоми на мали сипаници. Едукација за важноста на вакцинацијата покрај на населението, сега ќе се прави и кај матичните лекари, откако и во министерството разбрале за лекари кои советуваат да не се примаат вакцини.

Бидејќи епидемијата се уште не спласнува, комисијата за заразни болести треба да одлучи како да се спроведе помасовна вакцинација во училиштата бидејќи и меѓу ученици има невакцинирани. Првичниот предлог е второто полугодие да почне навреме од понеделник, а да се врши и теренска вакцинација во соработка со училиштата и родителите.

телма

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password