Ќе паѓаат ли каматите на кредитите и на штедењето: НБМ ја намали основната камата

Народната банка ја намали основната камата од 2,75 проценти на 2,5 отсто. Тоа е каматата по која банките купуваат благајнички записи кај Народната банка. Нејзиното движење од друга страна е сигнал за намалување на каматите за кредитите и за штедењето.

Од Централната банка велат дека намалувањето на каматата е одраз на поволните движења на девизниот пазар, коишто упатуваат на солидна надворешна позиција и стабилни очекувања на економските субјекти.

„Поволни се и поместувањата во депозитната база на банките, што исто така е сигнал за стабилни очекувања и доверба. Согласно со тековните економски и финансиски услови, согледувањата за амбиентот за спроведување на монетарната политика се нешто поповолни од претходно, што укажува на тоа дека постои простор за натамошно олабавување на монетарната политика. Ова, пред сѐ се однесува на девизниот пазар, каде што движењата и натаму се поволни, како одраз на подобрата девизна позиција на корпоративниот сектор, но и поволните движења на менувачкиот пазар, соопштија од НБРМ.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password