Канчевска – Милевска: Ние не сме предавници, предавници се раководството на ВМРО-ДПМНЕ
Елизабета Канчевска Милевска рече дека амандманот е многу јасен и бараат Република Северна Македонија да се употребува само за меѓународна употреба. Таа побара образложение од Владата зошто ова е неприфатливо и зошто се одело на ерга омнес во Договорот од Преспа. Канчевска жали што ВМРО-ДПМНЕ не се на собраниската седница за да ги образложи нивните аргументи.
– Заев ќе го води сенка оти велеше дека нема да го менува уставното име, но и раководството на ВМРО-ДПМНE да не се служи со лажен патриотизам. ВМРО-ДПМНЕ го избра најлесниот и најсрамниот пат да не присуствува на седницата. Им порачувам дека ние не сме предавници туку тие кои личните интереси ги ставаат пред државните – рече Канчевска Милевска.