О Нил: Членството во НАТО ќе и помогне на Македонија за ЕУ

Да стане членка на ЕУ отсекогаш било бавен и комплициран процес.  Исто така, членовите на ЕУ имаат и други важни преокупации во моментов, па приемот на нова земја-членка не е главен приоритет за нив, вели поранешниот медијатор во грчко македонскиот спор британскиот амбасадор Робин О Нил за „Наслов“

Многу добро ја разбирам желбата на владата на Северна Македонија да направи брз напредок во приклучувањето кон Европската унија и ја споделувам нивната желба тоа да се случи.  Но, во оваа ситуација мојот совет е дека Македонија треба да се концентрира на обезбедување дека сите прашања што би можеле да се појават како тешкотии во приемот на Македонија се решени: во врска со правни, административни и уставни прашања и дека кандидатурата на Македонија цврсто се задржува на агендата на ЕУ, вели о Нил.

Додава дека Обединетото Кралство се соочувало со слични фрустрации во шеесетите, откако генералот де Гол стави вето на приемот во ЕУ.

„Во таа ситуација бевме убедени дека Велика Британија ќе биде примена кога Де Гол ќе отиде, па бевме трпеливи, но во исто време работевме постојано да нагласуваме на сите други членки на големиот интерес на Велика Британија за пристапување во ЕУ, за да можат преговорите да  брз напредок откако ќе бидат отстранети приговорите од Франција, вели  О Нил.

Според него сега треба да му се даде висок приоритет на полноправното членство во НАТО, како консолидирање на целосното место на Северна Македонија во заедницата на европски нации.  Тоа може да помогне само на кампањата на Македонија за ЕУ ​​

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password