Папата Францис: Да заборавиме на материјалното

Верниците да го заборават материјализмот и алчноста и да се фокусираат на едноставноста, љубовта и милоста на празниците. Оваа  е пораката и поентата   од говорот на  папата Францис.

Ова тој го порача   за време на традиционалната миса за Бадник во базиликата Свети Петар во Ватикан.

Светиот Отец им обрна внимание на присутните кое е вистинската порака на Рождеството Христово – не во собрани предмети, туку  во едноставниот начин на живот и спонзорство.

  Во својот говор, тој призна дека жедта за се повеќе и повеќе материјални работи го движи светот денес и низ вековите. Парадоксално, малкумина живеат во луксуз, додека милиони едвај преживуваат, за жал, забележа тој.

Фрснцис го осуди како неправеден јазот помеѓу богатите и сиромашните.

Да се ​​запрашаме дали навистина ни е потребен целиот вишок на работи што не опкружуваат или можеме да живееме без нив , рече тој.

Христос е роден во сиромаштија, ги потсети  тој собраните.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password