Подгответе се, од утре температури до 41 степен

Дирекцијата за заштита и спасување, согласно најавата на Управата за хидрометеоролошки работи, соопшти дека за време на продолжениот празничен викенд ќе има нов топлотен бран со многу високи температури. Изразено топло време ќе има утре и задутре (2 и 3 август) со температури до 41 степен.

Од Дирекцијата посочуваат дека покрај основните препораки за однесување во вакви услови, согласно Законот за заштита и спасување, преземаат и мерки и активности за превентивно делување за заштита од можни шумски пожари и други пожари на отворен простор.

Со оглед на празничниот продолжен викенд и зголемената посетеност на шумите и излетничките места, ДЗС апелира до локалната самоуправа, граѓаните и посетителите да внимаваат кога се на отворен простор.

Тие не треба да фрлаат цигари и догорчиња, стаклен отпад и стаклени шишиња, да не палат оган и скара на отворен простор и во шума, да не палат отпад и друг горлив материјал, ниту стрништа и меѓи, а ако забележат пожар веднаш да ја известат Територијалната противпожарна единица на бесплатниот телефонски број 193.

Коментари

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password