Погледнете ја евровизиската „Proud“ на Тамара ВИДЕО

Музичкото видео за песната „Горда“ (Proud) на Тамара Тодевска, македонски претставник за Евровизија во Израел, беше премиерно емитувано вечерва во централните вести на јавниот сервис.

Главна ѕвезда на музичкото видео на Тамара е нејзината тригодишна ќерка Хана.

– „Горда” им ја посветувам на мојата ќерка и на сите што насекаде се борат за своите соништа, верувајќи во нивната величина. На 16 мај, ќе ги прекршиме правилата и барем една ноќ во годината, ќе му покажеме на светот дека „Јас сум горда!“ е секогаш посилно од „Никогаш нема да бидеш доволно добра – вели Тамара.

Музичкото видео вклучува и камео-појавувања од жени кои ја инспирирале Тамара, докажувајќи дека соништата се остваруваат.

Коментари

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password