Потврден случајот на бактеријата МРСА во Бутел – надлежните апелираат на смиреност

Родителите на ученик од одсновното училиште „Панајот Гиновски“ во Бутел утрово известиле дека при брис е утврдено дека кај нивното дете и констатирана бактеријата МРСА, информира Телма.

Сомнителниот случај на заболено дете се проверува, а екипи на здравствениот инспекторат и центарот за јавно здравје се на терен за да ја утврдат состојбата ни изјавија од ДЗСИ. Досега се потврдени вкупно 4 случаи на деца заболени од бактеријата МРСА, три во градинка во Чаир и едно во спомнатото основно училиште Панајот Гиновски.

Од Центарот за јавно здравје и од ДСЗИ апелираат до родителите да не прават непотребна паника бидејќи  МРСА не е болест, тоа е бактерија која може да предизвика инфекција, а не смртоносна болест.  Згора на се велат од таму, се знае каде се пријавуваат вакви работи, не на социјалните мрежи каде што се шири паника и се прави тензија.

„Апелираме да не се прави паника. Нема никаква опасност, ситуацијата е под контрола на терен и се испитуваат сите случаи. Во Центарот за јавно здравје нема нови пријавени случаи“, велат од таму.

Први случаи со бактеријата „МРСА” беа регистриани во градинката “Снежана” во Чаир. Здравствените власти велат дека во последниот период оваа бактерија станува се поприсутна, додека експертите велат дека тоа не е смртоносно и може успешно да се третира.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password