Разрешени Зекири, Бочварски, Шилегов, Спасовски, Ременски, Манчевски и Кирацовски

Централниот одбор на СДСМ вечерва на својата седница од функцијата потпретседатели на партијата ги разреши Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски, Фросина Ташевска-Ременски, Петре Шилегов, Мухамед Зекири и Благој Бочварски.

Исто така беше разрешен и генералниот секретар на партијата Александар Кирацовски и на негово место е назначен Љупчо Николовски актуелниот министер за земјоделство.

Разрешена е и Цветанка Ласкова претседателката на Форумот на жени.

Заев претходно ги разреши 78-те претседатели на општински организации на партијата.

Коментари

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password