Само 8 отсто од граѓаните се пријавиле за персоналецот во УЈП

Само 33.210 граѓани се регистрирале на електронскиот систем за персонален данок за што имаат обврска сите физички лица кои остваруваат приходи. Рокот е до крајот на годината, а од Управата за јавни приходи велат дека според нивните пресметки тоа треба да го сторат дури 400.000 граѓани, што значи дека својата обврска ја исполниле само 8,3 отсато од граѓаните.

Од Управата за јавни приходи велат дека од овие 33.210 граѓани, одобрени им се апликациите на 18.750 луѓе, додека за 14.462 постапката е отпочната, а УЈП ги чека да дојдат за се легитимираат за да се прифати нивното барање

„ Легитимирањето е неизбежен момент, заради потврдување на лицето кое се регистрира во системот е-Персонален данок, а заради избегнување на можна злоупотреба на лични податоци. До крајот на оваа година, а врз основа на последната статистика за бројот на поднесени годишни даночни пријави во УЈП, очекуваме  да се регистрираат над 400 илјади граѓани, затоа апелираме граѓаните навремено да ја исполнат својата обврска за регистрација на e-pdd.ujp.gov.mk, за да може од 1 јануари 2019 година секој граѓанин да има увид во пополнетата годишна даночна пријава која ќе ја издава УЈП, велат оттаму.

Не соопштуваат детали како ќе се олесни постапката за регистрација за пензионерите и за изнемоштените лица, но велат дека на тоа уште се работи.

Инаку има граѓани кои не треба да се регистрираат. Тоа се оние кои веќе се регистрирани во системот е-Даноци со дигитален сертификат (USB токен). Тоа лице во системот  е-Персонален данок, само се најавува со истата е-маил адреса и лозинка со кои се најавува на системот е-Даноци. Сепак нова регистрација треба да направат лицата кои претходно имале таква лозинка без усб токен како за радиодифузна такса на пример. Тие мора да креираат нов профил.

Новата процедура за пресметување и плаќање на обврските за персонален данок на доход значи дека пресметката се прави преку електронска регистрација. Таква обврска имаатсите физички лица кои имаат какви било приходи.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password