Само уште денеска: Истекува рокот за е-даночна пријава

Само уште денеска до 16.30 часот граѓаните ќе можат да се регистрираат на системот за електронска даночна пријава.

Од Управата за јавни приходи информираат дека во последните десетина дена огромен број на граѓаните ја завршиле оваа обврска. Според последните податоци од саботата попладне во системот за Е-персонален данок беа регистрирани околу 650.000 граѓани.

За досегашниот тек на регистрација од УЈП се задоволни и наведуваат дека не се забележани посериозни проблеми.

Коментари

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password