#NotreDame de #Paris en flammes, intervention des pompiers en cours
Се урна целиот покрив на Нотр Дам! (ВИДЕО)
Целиот покрив на легендарната катедрала Нотр Дам се урна во екот на жестокиот пожар во Париз. Кратко пред да падне покривот, пламените го голтнаа и врвот на катедралата.
Силен пожар изби попладнево во срцето на францускиот главен град, кој брзо ја зафати оваа зграда од 13 век. Катедралата беше подложена на поправки, па нејзиниот покрив и врвот беа обвиени со скеле.
Како што покажуваат снимките од местото, како и информациите од очевидци, покривот на историската зграда целосно се распадна. Делови од скелето сè уште стојат, додека од внатрешноста на зградата излегуваат силни пламени.