Стево Пендаровски е новиот претседател

По преброени 95,68 отсто од гласовите во вториот круг од претседателските избори, кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски е победник со околу 60 илјади гласови повеќе од кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова.

Пендаровски има 413.655 (52,02%) гласови, додека Силјановска-Давкова има 353.015 (44,40%), според првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија. Неважечки се 28.498 (3,58%) ливчиња.

Излезноста е над 46%, што значи вториот круг од претседателските избори е успешен.

Коментари

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password