Тесна трка: Пендаровски и Давкова во вториот круг

Првиот круг од претседателските избори завршија со благо водство на претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски пред неговата противкандидатка од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

Разликата е 4.606 гласа во корист на Пендаровски на преброени 99.96 проценти од гласовите.

Пендаровски освои 323.846 гласови, а Силјановска 319.214 глас.

Кандидатот на Алијанса на Албанци и Беса, Блерим Река, освои 79.915 гласови.

Во проценти тоа изгледа вака:

42,85 проценти за Пендаровски, 42,24 проценти за Силјановска и 10, 57 % за Река.

Во вториот круг одат претседателските кандидати на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ. Гласањето е на 5 мај.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password