Тевдовски: Ќе има бум на странски инвестиции по влезот во НАТО

Со успешно придвижување кон НАТО и кон ЕУ може да се очекува забрзување на економскиот раст, а евроатланските интеграции ќе обезбедат можности за повисок раст од оној кој е проектиран за оваа година. Ова го истакнува министерот за финансии Драган Тевдовски во интервју за МИА во кое наведува и дека македонската економија се движи во позитивна насока.

– Од ЕУ сигурно дека имаме огромни придобивки, бидејќи практично имаме грантови и европските даночни обврзници ни помагаат да изградиме нешто што е потребно како автопатишта и друга инфраструктура, пречистителни станици и слично. ЕУ приближувањето
секако значи и ставање ред, подобра регулатива, достигнувања стандарди во сите области, вели министерот.

Тој додава дека за НАТО нема дилема дека е најмоќниот воен сојуз и тоа е практично гарант за безбедност и за инвеститорите.

– Секој инвеститор кога планира каде да инвестира тој размислува прво таму каде што е безбедно, а НАТО е гарант за безбедност. Од тие причини, земјите од регионот кои влегоа во НАТО пред нас имаа многукратни позитивни ефекти на економијата. Првиот канал се секако
странските инвестиции. Ако ги погледнеме во Црна Гора пред и после влезот во НАТО двојно се зголемени. Слична е ситуацијата и во Албанија и во Бугарија, каде се повеќе од двојно зголемени странските инвестиции, некаде дури од девет проценти од БДП на 19,6 проценти од БДП, вели министерот.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password