(ВИДЕО) Ја возел ќерка си врзана за комбе, причината ќе ве шокира

Tурчин ја врзал ќерка си за комбе и така ја возел.

Возилото е снимено во регионот Чанкирис Јалакент, северно од главниот град Анкара. Полицијата со помош на регистрациските таблички на возилото го идентификувала возачот и го привела.

Станува збор за Идриз К, татко на осум деца. Тој изјавил дека ќерката ја заврзал затоа што сакала да се вози на носачот на велосипеди. Но, додал, дека така ја возел околу 400 метри, а потоа ја одврзал.

Изјавил дека и на носачот на велосипеди била сигурна затоа што тој има носивост до 150 килограми. Неговиот син Енес К. изјавил пред новинарите рекол дека овој инцидент и „прашината“ што се кренала на социјалните мрежи многу го растажило нивното семејство.

Од полицијата не дадоа детали какви мерки ќе преземат против таткото.

Ali Özkök – علي أزكوك@Ozkok_

0 Comments

Leave a Comment

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password