Видео: Седум жртви, делови на Халкидики разорени

Бројот на жртвите денеска се зголеми на седум, откако тело на човек беше пронајдено во областа меѓу Созополи и Неа Каликратија. Експертите за судска медицина ќе испитаат дали му припаѓа на 62-годишниот рибар што исчезнал во морето кај Каликратија во средата вечерта.

Романка и едно 8-годишно момче загинале откако се урнал еден покрив во ресторан во Неа Плагија, а маж и момче од Русија го загубиле животот откако едно дрво се урнало во близина на нивниот хотел во приморскиот град Потидеа. На друго место, двајца постари чешки туристи загинале кога силните ветришта и водата ја однеле нивната приколка.

Министерството за надворешни работи соопшти дека е во постојан контакт со сите амбасади чии државјани биле погодени од трагедијата.

Покривите на куќи и на продавниците се однесени од силниот ветер, автомобили се уништени, сообраќајните знаци искршени, а дрвјата откорнати во невремето, за кое локалните жители велат дека не траело долго, но го опишаа како сериозно.

Пожарникарските служби работеле цела ноќ и утрово спасувајќи луѓе заробени под урнатините, испумпувајќи вода од куќите и продавниците и сечејќи дрвја. Вкупно, службата добила над 600 повици и интервенирала во 235 инциденти.

Околу 80 отсто од полуостровот Халкидики сè уште се без струја.

Коментари

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password