Визер со 8 нови дестинации

Визер од Македонија ќе лета на 8 нови авиолинии. Од Скопскиот аеродром од март ќе се лета кон Баден Баден и Бремен Германија, а од Охрид до Милано и Малме. Од јули пак од Охрид  ќе стартуваат линиите кон Мемингем и Дортумнд, а од Скопје кон Ларнака на Кипар и кон Турку во Финска. Билетите ќе се продаваат по цени што ќе почнуваат од 1164 денари или 20 евра.

Со денеска потпишаниот договор, за субвенционирање на летовите на Визер ќе му се исплатат 5 милиони евра за период од 2019 до 2022 година.

„Еднократна помош од 40 000 евра за секоја нова дестинација од Скопје, 9 евра по патник во првата година од договорот, 8 евра во втората година, а по 7 во третата. За секоја нова дестинација од Охрид поддршката ќе биде 13 евра по патник во првата година, 12 евра во втората и 11 во третата година“, кажа Горан Сугаревски, министер за транспорт и врски.

Од Визер најавија дека во јули во Македонија ќе го донесат и петтиот авион со кој ќе се зачестата услугите од Скопје.

„Со петиот авион ќе се зголеми и зачестеноста на летовите, кон Гетеборг ќе има 5 летови, до Хамбург од два на три лета, кон Келн од 3 на 4 летови и кон Малта наместо два пати ќе се лета три пати неделно.Кон Базел ќе се лета 3 пати на ден, кажа Џорџ Михалопусол од Визер.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password