Заев: Немам намера да дадам оставка

Премиерот Зоран Заев ја отфрли можноста да даде оставка поради скандалот со телефонските разговори со наводните Порошенко, Столтенберг…, и повтори дека бил мета на дискредитација од организирана структура.

„Немам намера да поднесам оставка, од овој процес ќе излеземе само посилни, не мислам дека треба да ја ‘стегнам‘ мојата комуникативност, сакам да разговарам да споделам информации, јас сум многу достапен, но за жал ваквата отвореност носи вакви горки чувства“, изјави Заев на прес-конференцијата во владата.

На прашањето како се дозволиле вакви разговори, Заев објасни дека се почитувани сите протоколи на поврзување, кога некој бара комуникација со премиерот и со други функционери. Според протоколот, како што рече, до него седи некој од советниците и прави записник од разговорот.

Заев не се согласува со обвинувањата дека издава државна тајна, туку вели дека само повторува ставови што и претходно се кажани.

„Не е тешко да се поврзат темите и да се води и провоцира соговорникот, на теми кои се актуелни и податливи, па дури и преокупации на личноста што е мета на ваквата организирана лажна вест“, изјави премиерот.

Одговарајќи на прашања од новинарите тој кажа дека жали за споделување на телефонските броеви.

„Нормално, кога се бара од мене да дадам број на оној за кој искрено верувам дека е претседателот на Украина и го давам. Но не гледам издавање државни тајни, туку работи што ги повторуваме секој ден“, изјави Заев.

Во одговорите на новинарските прашања Заев ги отфрли сите можности за одговорност на членовите на неговиот кабинет и на неговите советници за овој пропуст. Се работи за мој политичка дискриминација и тука нема место заодговорност на мојот кабинет, рече Заев.

Новинарите го прашаа премиерот дали после овој скандал се слушнал со вистинските Порошенко и Столтенберг, тој рече дека сѐ уште немал таков разговор.

Еден од новинарите го праша Заев зошто за време на разговорите кои се воделе преку мобилната апликација Ватсап не ја вклучил можноста за видео разговор, Заев се согласи со тоа, призна дека не му текнало и дека ќе ја има оваа забелешка предвид.

Во однос на наводното прифаќање на понудата за мито, Заев рече дека тој, неговото семејство и неговите фирми секогаш ја помагале изградбата на многу цркви и џамии. „И во овој случај моето прифаќање се однесуваше на помош за православието“, рече Заев.

Во однос на некои квалификации за надворешната политика на одредени земји и политичари, како на пример за претседателот на Србија Александар Вучиќ (кој, според Заев бил под контрола на Путин), македонскиот премиер нагласи дека е подготвен да се извини, да ги надмине сите недоразбирања сѐ во интерес на заштита на стратешките интереси на земјата.

Ова е добра поука за сите нас, вакви работи да не ни се повторат, рече Заев.

Извор МКД.мк

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password