Заев повикува на лидерска: Три точки на дневен ред

Премиерот Зоран Заев денеска на владина прес-конференција го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и водачите на ДУИ и другите помали парламентарни групи на заедничка лидерска средба за да се затворат трите отворени прашања пред очекуваниот Датум за преговори со ЕУ за наесен.

Премиерот ги повика сите претседатели на релевантните политички партии да се донесе новиот Изборен законик, Законот за Јавното обвинителство и Законот за попис.

„Да донесеме нов Изборен законик со легислативно решение навреме и со препораки од ОДИХР што же бидат прифатливи за сите. Следува Законот за јавното обвинителство. да биде донесен со време во корист на владеење на правото и унапредувањето на правната држава. Да постигнеме консензус и дека ќе постигнеме успешен попис во 2020  кој ќе ни ги отвори сите перспективи за економско програмирање“, рече Заев.

Со овие решение на есен ќе се претставиме како земја која ги решила сите отворени прашање пред ЕУ и ќе се затворат сите можни изговори иа ргументи за недоделување Датум за преговори, додаде Заев.

„Исклучително значајно е што ќе покажеме дека сме единствени за нашите стратешки прашања“, наведе тој.

Заев рече дека очекува од опозицијата да ги прифати сите теми на дневен ред, иако засега Мицкоски рече дека би зборувал само за Изборниот законик.

Коментари

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password