Плаќаат за стан од А категорија, добиваат со Б или Ц

Иако плаќаат за стан од А категорија што значи енергетски ефикасен објект, граѓаните многу често добиваат стан од Б или Ц категорија. Тоа во пракса значи дека потрошувачката на енергија е многу поголема од предвидената во проектот, односно граѓаните добиваат многу повисоки сметки за струја и парно греење. Експертите објаснуваат дека сертификатите за енергетска ефикасност на становите во моментов се издаваат врз база на проектна документација, но во текот на изградбата се прават редица измени и отстапки.

 Енергетската ефикасност се разгледува само на ниво на проектирање, но дали тоа што е ставено на хартија навистина го има кога зградата или објектот ќе се пушти во употреба? Анкетите покажуваат дека тоа засега не е случај, кажа Игор Панчевски, експерт за енергетска ефикасност.

Причините за ваквата честа појава на пазарот на недвижности Панчевски ги лоцира во сложениот процес на градба и во вештините на работниците, но не и во желбата на инвеститорот да си ги намали трошоците.

 „Тие не можат да ја применат секоја мала измена што се прави  за време на изградбата. Некои од нив дури не ја ни знаат измената. Тука се многу битни и вештините на работниците. Може да имате колку сакате добри материјали, да ставите одлични прозори, но ако оние што се на терен тоа не го имплементираат добро, ефектите ќе бидат слаби“.

Ваквите состојби се очекува да се надминат со нов 30 месечен проект кој ќе ги обучува работниците и градежните фирми изведувачи за поставување на добра изолација со што треба да се намали, па дури и елиминира разликата во потрошувачката на енергија од проектираното, па се до пуштањето на објектот во употреба. Бројките говорат дека 40 % од потрошувачката на енергијата припаѓа на градежништвото.

Коментари

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password