Кекеновски го оспори Законот за јазици пред Уставен суд

Првото оспорување на Законот за употреба на јазиците е испратено до Уставен суд.

Ова го направи професорот Јове Кекеновски кој со иницијатива до Уставен ја оспорува уставноста на носењето на Законот кој ја зовре јавноста.

Кекеновски ја оспорува содржината на Законот, но и постапката со која беше донесен а за него најспорен е начинот на кој што Законот беше изгласан.

„Претседателот на Собранието, како и останатите собраниски органи и служби морале да го имаат предвид фактот дека за да биде усвоен Законот потребно е двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници во кое мора да има и мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците што не се мнозинство во Република Македонија, а не да биде усвоен со 69, што значи дека треба со 80 пратеника“ – потенцира Кекеновски.

Според него прекршен е и ставот 2 на членот 173 од Деловникот за работа на Собранието .

Тоа професорот го поткрепува со тоа што вели дека од денот на усвојување на Законот значи од 11 јануари 2018 година и неговото трето читање и усвојување на 14 март 2018 година, поминати се повеќе од 60 дена, а  Деловникот налага да поминат 30 дена, што значи требало да има нова процедура и отпочнување на целата постапка од почеток.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password