Оди кон подобро, му ги симнаа завоите од главата

Здравствената состојба на Дарко Лазиќ, кој пред осум дена доживеа стравична несреќа кога неговиот автомобил слетал од патот и се превртел на кров, е се подобро, пренесуваат српските медиуми.

Како што изјавил еден од лекарите од КБЦ Земун, пејачот се чувствува се подбро и неговата здравствена состојба се подобрува, а симнати му се и завоите од главата. Пејачот е симнат и од апаратите за дишење.

Инаку, Дарко помина 6 дена во вештачка кома, извадена му е слезината поради внатрешно крварење, лекарите се бореа за неговиот живот поради тешките повреди кои ги претрпе.

Она што му претстои во блиска иднина е оперција на ногата, но тоа допрва лекарите треба да решат кога ќе се направи.

Коментари

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password