Почнува јавната расправа за уставните амандмани

Почнувајќи од утре, Владата организира серија јавни дискусии со експертската јавност и со граѓаните во врска со нацрт-амандманите за измени на Уставот на Република Македонија, со цел инклузивност во историскиот процес за обезбедување на европската и евро-атлантската иднина на Република Македонија, соопшти владината прес-служба.

Првата јавна дискусија ќе се одржи утре со почеток во 16:30 часот, во Свечената сала во Владата, а говорници ќе бидат премиерот Зоран Заев и универзитетските професори Владо Поповски и Љубомир Фрчкоски.

В четврток јавна дискусија ќе се одржи напладне во Универзитетот ФОН. Говорници ќе бидат премиерот Заев, ректорот на ФОН Универзитетот, универзитетските професори Нано Ружин и Темелко Ристевски.

Третата јавна дискусија ќе се одржи в петок со почеток во 10:00 часот, во Македонска академија на науките и уметностите. Говорници ќе бидат заменик-претседателот на Владата  задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров, академик професор Владо Камбовски и универзитетскиот професор Светомир Шкариќ.

Последните две јавни дискуси ќе се одржат в понеделеник на 10 декември во Штип и во Тетово.

На дискусијата во Општина Штип говорници ќе бидат премиерот Заев, судијката Маргарита Цаца Николовска и универзитетскиот професор Ѓорѓи Спасов.

Во јавната дискусија во Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, говорници ќе бидат заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, вицепремиерот Османи, и универзитетските професори Беса Арифи и Блерим Река

Коментари

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password