Трамп за ураганот Флоренс: Страшно е голем и влажен

Трамп за ураганот Флоренс: Страшно е голем и влажен

Ураганот Флоренс се приближува на источниот брег на САД. Од Националниот центар за урагани (НХЦ) издадени се предупредувања за Северна и Јужна Каролина, јавуваат американски медиуми.

Од НХЦ информираат дека ураганот се уште се движи со ист интензитет и дека се уште е опасен. Ударот на сојузните држави Северна и Јужна Каролина се очекува утре, и како што ќе пристигнува кон брегот, се очекува негово засилување. Ударот на ураганот се очекува во петок наутро.

Претседателот на САД Доналд Трамп вчера го искоментирал доаѓањето на Флоренс.

– Вакво нешто не е видено во последните 25-30 години, а можеби и никогаш. Страшно е голем и страшно е влажен. Страшно количество на вода – изјавил трамп на вчерашната конференција за медиумите.

Коментари

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password