Детскиот фестивал „Поточиња“ објавува аудиција за нови членови

Скопје, (12.09.2018) Оваа пролет Детскиот фестивал “Поточиња“ го прослави својот 15 – ти роденден со прекрасни шест претстави во Македонската опера и балет, а со доаѓањето на есента започнуваат подготовките за новото 16 – то издание “Поточиња 2019” кое ќе се одржи следната пролет.

За таа цел, организаторот “Пап продукција“ објавува Аудиција за прием на нови членови – учесници на “Поточиња 2019”. Аудицијата ќе се одржи во градинката “Срничка“ (објект Бамби) во нас. Аеродром од 17 – ти до 20 – ти септември во периодот 18:00 – 19:00 часот. Сите заинтересирани деца на возраст од 5 до 10 години може да дојдат во еден од  предвидените термини и со широка насмевка да испеат една омилена песничка.

 

За повеќе информации можете да се обратите на produkcijapap@gmail или 072 210 660.

 

Коментари

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password