ФОТОГАЛЕРИЈА: Го убиле пред домот додека ја вадел детската количка

Ладнокрвно додека ја расклопувал количката за своето дете пред неговата куќа, денеска во Баново Брдо, Белград е убиен Ненад Марковиќ. Триесетиседумгодишникот, како што јавуваат српските медиуми, бил член на познатата криминална група Пинк Пантер.

Според објавите, во него било пукано само неколку мигови откако излегол од дворот. Има снимка на која се гледа и неговиот убиец, кој набрзо по пукањето бега од местото.

Соседите велат дека не слушнале ништо, и дека ја виделе само Итната помош.

“Се враќав од продавница кога ја видов Итната помош. Не се посомневав дека некого убиле. Го гледав тоа момче, живееше со жена…тага. Не изгледаше како да е некој опасен лик”, вели сосетката.

Н.М. бил ликвидиран со неколку куршуми во глава и гради и починал на самото место.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password