Двеиполгодишно дете почина од бактериска инфекција

Двеиполгодишно дете од Скопје починало вчера на ЈЗУ Универзитетска Клиника за детски болести од компликации по бактериска инфекција, соопшти денеска Клиниката.

Женското дете било примено во понеделник попладне на Клиниката за детски болести со знаци за сериозна бактериска инфекција. Според изјавите на директорката на клиниката, д-р Катерина Ставриќ, детето добило сепса.

Претходно, детето било релативно здраво, а со знаци на респираторен инфект било третирано една недела од матичен лекар. Дента, поради влошување на состојбата детето е донесено на Клиниката и било примено на одделот за интензивна нега, каде било поставено на респиратор. Но, и покрај сите преземени тераписки процедури по престој од 12 часа детето починало.

 

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password