И Мијалков излегува од „Шутка“ и оди во домашен притвор

Специјалното јавно обвинителство денеска го достави предлогот за определување куќен притвор на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков до Основниот суд Скопје 1.

Тоа значи дека и тој ќе излезе од притвор од затворот „Шутка“, веднаш штом до затворот стигне решението. Од затворот за ТВ21 велат дека засега не добиле такво решение, но штом го добијат, стапува на сила веднаш, што кажува дека Мијалков уште вечерва би требало да ја напушти Шутка и да замине во куќен притвор.

Во изминатите неколку денови, на предлог на СЈО, мерката притвор им беше заменета со куќен притвор на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски за случајот „Титаник“, на Орце Камчев и Цветан Панделески во случајот „Империја“.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password