Колку обвинети за „крвавиот четврток“ добија амнестија?

Засега има 15 амнестирани и 14 неамнестирани за настаните од 27 април лани во Собранието.

По донесувањето на Законот за амнестија, 15 лица се амнестирани, а 14 не се. Беа амнестирани и водачите на иницијативата „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски – Бетмен, Борис Дамовски и Владо Јовановски. Први меѓу амнестираните беа исклучените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, кои гласаа за уставните промени. Обвинителката Вилма Рускоска во конечниот збор за 27 април изјави дека нема да има промена на обвинението. Рочиштето со завршните зборови е закажано за 15 јануари.

Од вкупно 33-ца обвинети, само петмина не побараа амнестија и ќе ја докажуваат својата невиност пред судот.  Meѓу нив се пејачот Игор Дурловски, Јане Ченто, Игор Југ и други.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password