Научна расправа во МАНУ, договорот од Преспа прифатлив за дел од академците

Договорот од Преспа е нова практика на склучување европски  договори со цел реафирмација на основните човекови права и и слободи  е прифатлив од првата до последната одредба, смета академикот Владо Камбовски. Договорот содржи императивен елемент според начелата на ОН, што значи треба задолжително да се спроведе. Ратификувањето на договорот би значело почеток на стратешкото партнерство што ќе бара многу повеќе работа, истакна акадмик Камбовски. Договорот е услов за преговори со НАТО и ЕУ во јуни следната година.

„Со тоа одредбата 1 од член 3 го номинира државјанскиот статус како врска на граѓаните на Република Македонија како македонски, а не како северомакедонски“, изјави Владо Камбовски, академик во МАНУ

 За академик Поповски неможело да се постигне подобар договор. Според него тој претставува можност за излез од политичката незивесност и за одржување на мирот и стабилноста во регионот. Поповски вели дека ова е првата влада што се одважи да исчекори рече тој имајќи да предвид осетливоста на Грција по ова прашање.

„Може да се смета договорот за асиметричен, доминантен каде што едната страна нужно прифаќа повеќе обврски е ставена во подредена положба во однос на другата,заради тоа што сака да ја постигне целат да влезе во НАТО и ЕУ, што не може без согласност на втората договорна страна, на Грција.“, изјави Владо Поповски, академик во МАНУ

Македонија учествува како субјект во преговорите, без друг да одлучува во нејзино име вели академикот Нано Ружин. Според него, од Геополитички пристап, договорот значи стабилизирање на  билатералните односи  помеѓу Макеоднија-Грција и целиот регион.

„Овој договор  и договорот со Бугарија јас ги гледам акко една целина. Се надевам ситото ќе продолжи и со останатите соседи. Македонија на тој начин станува лидер на мирот на Западен Балкан“, изјави Нано Ружин

Токму затоа утре во МАНУ ќе се одржи научна расправа на тема: „Спогодбата од Преспа-Меѓународното значење и импликации врз евроатланските интеграции на Р.М.“. Учество ќе земат академиците, еминентни научници, преставници на органите на власта и претсавници од дипломатските мисии во Р.М. меѓу кои:

Претседателот на МАНУ, Таки Фити, премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров, заменик претседателот на владата на Р.М Бујар Османи и  амбасадорот на САД Џес Бејли.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password