Ординации оперираат на црно: ОЈО ќе истражува

Недостасуваат документи во документацијата што ја доставиле сопствениците на приватните ординации „Јанита“ и „Д-р Крсте Митаноски“ до сантарните инспектори. Лекарите во овие ординации работеле на црно, потврдија од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Ние иницираме односно предлагаме до министерот одземање на дозволата за работа за двете приватни здравствени установи, изјави директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Бухова.

ДСЗИ ќе продолжи да ја чешла документацијата за да утврди што се случило со Булент Ибрахим, кој почина од сепса по операција на хемороиди.

Дополнително, за овој случај ќе побараме и кривична одговорност, ќе се обратиме до Обвинителството.

ДСЗИ констатирал дека кога лекарите се стекнале со лиценци за работа на ординациите, ПЗУ „Јанита“ покажале потпишан договор да ја изнајмуваат операциската сала во ординцијата на Митаноски, а докторот Ѕвонко Николовски ангажирал и анестезиолог. Тој документ не го покажал доктор Крсто Митаноски. Тој не ни пријавил во Министерството за здравство дека заминал во пензија. Со тоа ги скршил правилата во здравствениот систем.

Немаме документ дека е пријавено во Министерство за здравство пензионирањето на носителот на дејност. Немаме документ дека е побарано ставање на ординацијата во мирување или побарано истата да се затвори. Немаме документ од нивна страна за соработка со ПЗУ „Јанита“. Тоа е се што добивме од Митаноски. Целокупното досие ќе го предадеме до Основното јавно обвинителство, рече Бухова.

Стручна комисија допрва ќе одлучува како ќе постапат по целиот случај.

Булент Ибрахим беше опериран од хемороиди на 18 февруари. Три дена примал инфузија заради болки, а во четвртокот почина во ГОБ „8 Септември“. На неговото тело не беше направена обдукција нна барање на семејството.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password