Паника во скопски Аеродром: Граѓаните ги напуштаат домовите

Станарите се на булеварот, но се уште не се знае причината поради која се чувствува остар мирис во зградата на булеварот Кузман Јосифовски Питу 15 во скопската населба Аеродром.

Возбудени чекаат да им кажат што ја предизвикува миризбата и дали е безбедно да се вратат во своите домови. Иако случајот е пријавен во 18 часот на терен нема екипи од Државниот инспекторат за животна средина, туку само инспектори од Град Скопје, полицајци, и екипи на Противпожарната бригада и Брза помош.

Градоначалникот Петре Шилегов кој дојде на местото каде е пријавен случајот изјави дека неговите инспектори ја немаат потребната опрема за да се испита хемискиот состав на миризбата.

„Се чека да дојдат екипи од Министерство за внатрешни работи и Министерството за одбрана Тие треба да дојдат со своја специјална опрема, за да се изврши анализа на хемискиот состав на миризбата. Потребно е време да се земе опремата, затоа уште не се стигнати, не станува збор за брзи единици“ рече Шилегов.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password