Пратениците ќе расправаат за одземање на имунитетот на Груевски

Пратениците попладнево на пленарна седница ќе одлучуваат за одземање на пратеничкиот имунитет на екс премиерот Никола Груевски.

Седницата е закажана за во 17 часот, откако утрово Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања без расправа и без присуство на опозициските пратеници, препорача  да му биде одземен имунитетот на Груевски, усвојувајќи ги шесте барања со кои кривичниот суд бара одобрување притвор на Груевски за пет судски предмети во кои тој е осомничен.

Претседателот на Комисијата, Павле Богоевски, смета дека Собранието било ставено во контрадикторна ситуација да одлучува за притвор на лице кое е во бегство. Смета дека институциите потфрлиле и побара темелна истрага за бегството на Груевски.

За одржувањето на комисиската седница, пратеникот Груевски бил известен електронски и писмено преку пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

За пратеничкиот имунитет да му биде одземен, на попладневната седница за тоа ќе треба да гласаат најмалку 61 пратеник.

Еден ден пред неговото бегство во Унгарија, каде што веќе доби политички азил, на дневен ред на пленарна седница се најде и предлогот за одземање на неговиот мандат, кој не го одби потребното двотретинско мнозинство.

Груевски се уште е пратеник во собранието и зема пратеничка плата. Пратениците повторно ќе можат да се обидат да го одземат неговиот мандат дури после шест месеци, поради   неоправдано отсуство, за што повторно ќе биде потребно двотретинско мнозинство.

Коментари

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password