РСБСП: Во 2018 година 129 лица го загубиja животот во сообраќајни незгоди

Вкупно 4.534 потешки сообраќајни незгоди се случиле во текот на минатат година, а во нив животот го загубиле 129 лица, покажуваат податоците од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП). Во тие сообраќајки повредени се 6.738 лица. Бројот на загинати, лани е помал во однос на претходната 2017 година кога 155 лица го загубиле животот.  Од РСБСП велат дека кога станува збор за загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди не може да се каже дека одредена бројка е добра, затоа што не станува збор за обична бројка туку за човечки животи. Сепак велат дека гледано од аспект на бројот на загинати лица можело да се заклучи дека состојбата на безбедноста на сообраќајот на патиштата во Македонија бележи тренд на  подобрување.

„Но исто така статистичките податоци потврдуваат  дека безбедноста на патниот сообраќај  не е на потребното и посакувано  ниво и не е во согласност со целите и динамиката  дефинирани во Втората национална стратегија на Република Македонија за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата 2015 -2020.  Имено, согласно целите од Втората национална стратегија, Република Македонија, т.е безбедноста во патниот сообраќај, до 2020 година, треба да го достигне нивото и просекот на земјите членки на ЕУ,  а тоа  во апсолутни бројки, значи помалку од 100 загинати лица во сообраќајни незгоди на годишно ниво, велат од РСБСП.

Додаваат дека во наредниот период, за да се намали бројката значајно, неопходно е, сите надлежни институции, органи и организации и сите поединци кои на било кој начин учествуваат во сообраќајот, безбедноста на сообраќајот на патиштата да ја имаат како заедничка одговорност, висок општествен приоритет и како највисока заедничка цел.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во согласност на своите надлежности и законски можности  и во рамките на своите капацитети, во наредниот период, ќе продолжи со континуирана и засилена ангажираност, самостојно и во соработка со партнерите, да реализира активности и настани кои имаат за цел  подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, намалување на бројот на сообраќајни незгоди и намалување на бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди.

Година 2013 2014 2015 2016 2017 2018
Загинати лица во СН 198 130 148 165 155 129

Приложените бројки покажуваат дека безбедноста на патниот сообраќај се подобрува но истовремено предупредуваат  на големиот број  загубени човечки животи  во изминатите години.

Податоците за месец јануари, 2019 година иако сеуште се неофицијални, покажуваат дека бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди е значително намален во однос на истиот период минатата година, но и понатаму е висок бројот на случени сообраќајни незгоди и бројот на повредени лица во сообраќајни незгоди.

„Секој загубен човечки живот на патиштата е огромна и ненадоместлива загуба за семејството и за општеството.  Последиците од сообраќајните незгоди имаат дополнителна тежина  ако го земеме  во предвид  фактот дека во сообраќајните  незгоди многу често страдаат деца и млади лица.  Исто така важно е да се истакне дека во сообраќајни незгоди најчесто  животот го губат или се здобиваат со трајни здравствени проблеми лица кои претходно биле апсолутно здрави и способни, стои во соопштението.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password