Судот ја забрани книгата на Андов за атентатот на Глигоров по тужба од Фрчковски

Со одлука на Основниот суд Скопје 2, за книгата на Стојан Андов „До атентатот и по него“ е издадена привремена мерка за забрана на продажба и располагање на книгата.

Оваа времена мерка се издаде по тужбата на Љубомир Фрчкоски за повреда на неговите лични права, односно за клевета во врска со изнесеното во книгата околу атентатот на Киро Глигоров.

Во книгата Андов имплицира за можна вмешаност на екс-политичари меѓу кои и тогашниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчковски во атентатот на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров.

Од судот соопштија дека забраната за продажба на книгата ќе важи се до завршување на постапката за утврдување на наводната клевета на Андов.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password