ВИДЕО: Како беа спасени македонските скијачи во Банско

Скијачите од Македонија, коишто синоќа беа спасени по пад во бездна на планината Пирин во Бугарија денеска добија остри забелешки за нивното поведение од страна на првите луѓе на спасувачките единици и од бугарскиот Црвен крст.

Во изјава за бугарското радио – „Фокус“, директор на Планинската спасувачка служба, Емил Нешев, рече дека Македонските туристи се однесувале неодговорно бидејќи скијале надвор од означената патека.

„Тие ја напуштиле пистата под врвот Тодорка, влегле во доловите на Дамјаница и испровоцирале две ноќни лавини. Спасувачите под голем ризик успеале да ги спасат”, изјави Христо Григоров, претседател на Црвениот крст на Бугарија.

Во меѓувреме, предупредувањето од лавини во делови на Бугарија и натаму е во сила, а потсетуваме дека пред три дена две лица загинаа во снежна лавина над Банско.

Видео-материјалот од акцијата за спасување на македонските туристи може да ја видите на следниот ЛИНК.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password