ЗАЕВ: ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ДЕЛОВИ ОД ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР Е ВРЗАНА СО ПОГЛАВЈАТА ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ

Со господинот Али Ахмети, односно со ДУИ преку него имаме коалиција на основа на програма, се додека ја почитуваме таа програма, довербата постои и ќе опстои, му верувам на Ахмети дека дава напори да се спроведе програмата и да бидеме од корист на граѓаните, рече премиерот Зоран Заев на новинарско прашање дали му верува на коалициониот партнер Али Ахмети.

„Темелните вредности на нашата коалиција беа преточени во програма, а тоа беа, ваквите случаеви да го добијат својот крај, владеењето на правото како главен постулат, севкупното гарантирање на човековите права, еднаквоста на граѓаните, денеска преточено во „Едно општество за сите“, напорите на владата преку лепеза на мерки за да економскиот стандард го подобриме, се додека опстојуваме во тој дел, треба да продолжат соработките. Дома може да се сакаме и да си веруваме, си веруваме овде додека служиме добро на граѓаните. Во првиот момент може да се разделиме, да ја зајакнеме соработката или да не сменат граѓаните на кои служиме“, рече Заев.

За натписите на „Катимерини“ дека затоа што не сме добиле преговори со Европската Унија, можно е да бидат забавени делови од Преспанскиот договор, премиерот рече дека поглавјата од договорот се врзани со поглавјата за преговори.

„Имаме конкретни поглавја, односно членови во договорот од Преспа, каде имплементацијата на договорот е врзана со поглавјата кои Република Северна Македонија требаше да ги отвори со Европската Унија, тоа се однесува на личните документи на граѓаните. Тоа не е случајно ставено, затоа што на крајот Европската Унија беше вградена во овој договор, целиот договор се постигна заради пријателството, но и заради евроатлантските перспективи“, рече Заев.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password