Заев телефонски разговарал со Ципрас

Телефонски разговор по оставката на Никос Коѕијас имале премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас.

Според портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос, и двајцата премиери се согласиле и повториле дека работат на имплементација на Договорот од Преспа.

– Премиерот контактира многу редовно со господинот Заев. Очигледно е дека премиерот на соседната земја нема да ги коментира внатрешните ситуации и внатрешната сцена во Грција, наспроти тоа, се согласија и го повторија она што им е на сите познато дека и двајцата работат за Балкан на 21 век и двајцата работат за имплементација и стапување во сила на Договорот од Преспа, рече Ѕанакопулос во интервју за грчката државна телевизија ЕРТ.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password