Авион на руската компанија „Азур Ер“ се запали во воздух

Најмалку 49 лица се повредени кога се запалила опремата за слетување при обидот на Бoинг на руската чартер компанија ,,Азур Ер” да слета во западен Сибир.

Авионот слетал на аеродромот Барнаул во западниот сибирски регион Алтај, додека пилотот претходно пријавил во контролната кула дека е можно да избие пожар кај тркалата за време на слетувањето.

 

Пожарот во авионот кој превезувал 344 патници и членови на екипажот е изгаснат по слетувањето.

Руските медиуми пренесуваат дека веќе е покрената и истрага за можните причини за инцидентот на авионот.

Коментари

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password