ФОТО и ВИДЕО: Почна најлудата журка на светот

Најраскошниот и највеселиот карневал на светот, кој традиционално секоја година се одржува во Рио од 18тиот век, оваа година привлече околу милион туристи од целиот свет.

Почетокот на карневалот задоцни неколку часа, бидејќи пожарникарските екипи мораа да извршат детална инспекција за да се спречи секоја можност која би довела до трагедија.

КАРНЕВАЛ НА КАРНЕВАЛОТ

-Првиот карневал во Рио почнал во 1723 година, ама тој ги влече корените уште од 17тиот век.

-Организиран е во чест на грчкиот Бог на виното Дионис

-Португалскиот фестивал “Entrudo” е претходник на денешниот карневал

-Карневалот во 1940 година добива облик на маскенбал

-Афричкото влијание и самба го земаат водството во 1917 година

-Карневалот го отвара кралот Момо, кој од градоначалникот ги добива клучевите на градот

Смалување на буџетот

Две големи трагедии го погодија Бразил во последниве години ( Пожар во кампот на ФК Фламенго и пожар во зградата на Националниот музеј).

Лајтмотивот на овогодишниот карневал, после доаѓањето на десничарот Жаир Болсонарo за претседател на Бразил, е улога на жена во општествоо и права на малцинствата.

Откога Марсело Кривела, поранешниот свештеник, стана градоначалник на Рио, ѓколите за самба се соочија со големо смалување на буџетот. Градот буквално ги преполови средствата за школите за самба, од кои една е постара од 100 години.

Натпреварување на школите

Парадата на самободромот всушност е натпреварување на најдобрите самба школи. Се одржува два дена по ред, а секој ден настапуваат шест школи, од вкупно 12 најдобри во Рио де Женеиро. Секој школа има заштитна боја, тема и музика. Интересно е што школите за парадата се подготвуваат околу 6 месеци, а првите проби на самиот самодром почнуваат веќе во декември. Со месеци се вежбаат движењата, се шијат костими и се изработуваат превозни средства.

Ništa bez osmeha... Samo nek je veselo

И покрај тоа, традиционалниот танц по кој Бразил е познат ширум светот, ќе го има многу.

„Карневалот е како Светско првенство во фудбал. Сочуствуваме со трагедијата со која живее нашиот народ. Карневалот не може да ја игнорира реалност. На крајот на краевите, учесници на карневалот се работиници и родители кои еднаш годишно сакаат да се забавуваат“, рече Рафаел Перучи, портпарол на школата за самба „Портела“.

Засилена безбедност

Kraljica naprestolu... Kostim za pamćenje

Полицијата посебно е на штрек во текот на карневалот. Околу самбодромот има силни мерки за безбедност, а посебно се надгледува ситуацијата во фавелите, сиромашните квартови во кои главниот збор го водат нарко – дилерите. Во јануари е забележан голем пораст на насилството.

Регистрирани се дури 11.230 грабежи на улица и на јавно место, додека полицијата во пресметката со нарко-картелите усмртила 160 лица.

 

Коментари

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password