Рускиот премиер Дмитри Медведев поднесе оставка

Рускиот премиер Дмитри Медведев поднесе оставка денеска. Оставката е веќе депонирана, а рускиот претседател Владимир Путин, како што јавуваат странските агенции, му заблагодарил на Медведев за неговиот ангажман. Се јавува дека Путин го замолил Медведев да ја извршува функцијата до избор на новиот кабинет.

Според пишувањата, Путин не е комплетно задоволен од работата на Медведев, односно дека претседателот смета дека Владата не ги остварила сите цели. Сепак Медведев ќе биде ангажиран, се тврди, како заменик на претседателскиот Безбедносен совет.

Медведев дава оставка по обраќањето на Путин до нацијата во кое рускиот лидер предложи амандмани на уставот за да се зголемат ингеренциите на премиерот и на членовите на кабинетот.

Дмитри Медведев е премиер од 2012 година, додека мандатот на Путин истекува во 2024 година, по што тој би можел повторно да биде премиер.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password