Заработува милиони зашто немал време да готви

Економистот Тимо Болт, сопственик на фирмата „Густо“, поради прекувремена работа немал време да готви, но проблемот го решил многу успешно.

– На 26 години работев како економист во лондонска корпорација. Дури и кога готвев или ако купев нешто во продавница, најголем дел од таа храна ја фрлав во ѓубре – се сеќава Болт, денес сопственик на лондонската компанија „Густо“, која го решава проблемот со набавка на намирници на сите оние што немаат време да одат на пазарење.

– До оваа идеја всушност дојдов инспириран од моите потреби. Сфатив дека има голем број на луѓе кои сакаат да готват јадење дома, но едноставно немаат време да одат на пазарење. Во тоа време имаше неколку слични компании во Германија од кои презедов некои делови од работењето – додава Болт.
Како што објаснува, неговата компанија на домашната адреса на клиентите ги доставува сите намирници кои тие ќе ги нарачаат, а им се потребни за подготовка на оброк. Состојките претходно се мерат и се прилагодуваат на потребите на клиентите, а со нив доаѓа и рецепт за подготовка на јадењето.

Болт посочува дека, најчесто негови клиенти се млади семејства со деца и вработени луѓе кои живеат сами.

Денес, седум години подоцна, неговата компанија годишно од продажба остварува приходи во виснина од 100 милиони фунти (115,3 милиони евра), а како што пренесува Си-ен-ен заедно со своите конкуренти, компанијата на Болт, е дел од индустрија која во моментов само во Британија вреди повеќе од милијарда долари. Според проекциите, до 2025. година оваа индустрија на глобално ниво ќе вреди над 9 милијарди долари.

Со седиште во Хамерсмит и сопствена фабрика, фирмата на Болт во моментов е во состојба да испорача во просек 250.000 пакувања месечно. Вработени се повеќе од 500 луѓе низ цела Британија, а тој планира следната година да го зголеми бројот на вработени на 1.200.

Коментари

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Lost Password